Често поставувани прашања
Одговори на прашањата што најчесто ни ги поставуваат клиентите.
Колку чини физичко обезбедување?
Цената зависи од бројот на службеници, работното време и видот на објектот. Обезбедување во една смена чини помалку од покриеност 24/7. По бесплатната проценка на објектот добивате фиксна месечна цена без скриени трошоци.
Како да изберам агенција за обезбедување?
Проверете дали агенцијата има важечка лиценца и дали службениците поседуваат легитимации. Побарајте да видите како се води евиденцијата и известувањето. Сериозна агенција прво прави проценка на ризик, а дури потоа дава понуда.
Колку брзо реагирате при аларм?
Оперативниот центар работи 24 часа и веднаш го испраќа најблискиот мобилен тим. Времето на пристигнување зависи од локацијата на објектот. Објектот се обезбедува до пристигнување на полиција или итни служби.
Дали работите 24 часа, викенди и празници?
Да. Обезбедувањето се организира според потребите на клиентот, вклучително и 24 часа дневно, 365 дена во годината. Оперативниот центар и патролните тимови работат без прекин, вклучително викенди и државни празници.
Дали вашите службеници се лиценцирани?
Сите наши службеници поседуваат лиценца и легитимација за обезбедување издадена согласно законските прописи. Работат по стандардизирани процедури и подлежат на редовна обука и внатрешна контрола.
Дали ја одржувате опремата по инсталацијата?
Да. Покрај продажба и инсталација, вршиме и редовно одржување на алармните системи, видео надзорот и контролата на пристап. Системите се поврзани со нашиот оперативен центар и се тестираат по договорена динамика.
Побарајте бесплатна проценка на безбедноста
Оставете ги вашите податоци и нашиот тим ќе ве контактира со конкретен предлог и цена.