Правила на користење

fb stroke
instagram
call icon

Правила на користење


1. Со користење на услугите на веб-страната на Агенција за обезбедување на имот и лица РОЈАЛ СЕКЈУРИТИ ДООЕЛ БИТОЛА се признаваат и прифаќаат условите за користење на веб-странатa www.royalsecurity.mk. (понатаму: РОЈАЛ) кое го задржува правото во секое време да ги измени овие услови.

2. РОЈАЛ ќе се стреми да ја обезбеди услугата достапна 24 часа на ден, 7 (седум) дена во неделата. Неизбежните прекини, особено оние што се однесуваат на сервисирање и одржување, доколку е можно, ќе бидат објавени на веб страната на РОЈАЛ.

3. РОЈАЛ го задржува правото во секое време да промени, ограничи или укине одделни делови од услугите.

4. Како предуслов за употреба на веб страната, Вие се согласувате дека: имате најмалку 18 години; сте во можност да направите правна обврска; нема да се обидете да вршите било какво дејство врз веб страната за преземање на информации од истата; Вашето користење на веб страната во секое време ќе биде во согласност со овие Услови за користење; ќе оставате точни информации за Вас на било кое барано место на веб страната; ќе ги променувате податоците за Вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време.

5. Веб страната е отворена за секој посетител на РОЈАЛ.

6. Авторските права за сите документи (текстови, слики итн.), употребени при изработката на веб страницата му припаѓаат на РОЈАЛ, освен ако не е поинаку наведено. Преку користењето на веб страницата корисникот или трети лица не се здобиваат со авторско право, лиценци или слични права. Документите понудени на веб страницата и нивната содржина не смеат да се менуваат, умножуваат, дополнуваат или на некој друг начин да се употребат без претходна добиена писмена дозвола од РОЈАЛ

7. Во никој случај РОЈАЛ, неговите соработници, неговите вработени, агенти, даватели на услуги и провајдери на содржина не се одговорни за било кои посредни, случајни, специјални, последователни или казнени штети кои произлегуваат од, или се поврзани со: вашето користење на веб сајтот, содржината, корисничката содржина и други информации содржани на веб сајтот, вашата неможност да го користите сајтот, промена или отстранување на содржина поставена на сајтот.

8. РОЈАЛ  нема да се смета за одговорен за доцнење или неизвршување на своите обврски согласно овие Услови кои произлегуваат од било кои причини кои се надвор од нејзина контрола како што се: штрајкови, инвазија, терористички напад или закана од терористички напад, војна (дали е прогласена или не), или закана или подготовка за војна; пожар, експлозија, невреме, поплава, земјотрес, епидемија или друга природна катастрофа; неможност за користење на јавен или приватен транспорт; сообраќаен метеж, сообраќајни несреќи, неможност за користење на јавни или приватни телекомуникациски мрежи; актите, декретите, законите, регулативи и сл.

9. Доколку не се согласувате со наведените услови, Ве молиме не ја користете нашата интернет-страница. Вашето континуирано користење на страницата и притоа следејќи ги промените на овие услови ќе се смета за Ваше прифаќање на дадените промени.